СЗО: Болницата во Газа личи на гробишта

Светската здравствена организација (СЗО – WHО) соопшти во вторникот дека најголемиот болнички комплекс „Ал Шифа“ во градот Газа личи на гробишта и дека телата на мртвите тешко може да се погребаат, пренесува BBC.

Болничкиот комплекс „Ал Шифа“ последните неколку дена е опколена и подложена на жестоки удари од израелската војска којашто тврди дека дека во тунели под болницата се наоѓа команден центар на Хамас. Палестинското движење и домашните и странските лекари кои работат во болицата тоа го негираат.

Портпаролот СЗО, Кристијан Линдеиер вели дека во болницата и натаму има повеќе од 600 луѓе.

„Во болницата има мртви тела коишто никој не може да ги згрижи, па дури ниту да ги погребе или да ги однесе во мртовечница. Болницата повеќе воопшто не работи нормално. Практични стана гробишта“, додаде Линдмеиер.

Лекарите активисти на меѓународната невладина организација Лекари без граници (MFS) велат дека во самиот болнички комплекс телата се трупаат и гнијат, и обвинуваат дека израелската војска изминатите денови отворала оган врз цивилите кои се обидувале да излезат и по израелските повици да се упатат кон југот на Појасот Газа.

Директорот на болницата „Ал Шифа“, Мохамед Абу Селмија, изјавил за BBC дека израелските власти сѐ уште не дозволиле телата во распаѓање да се изнесат од болница, па кучињата почнале да влегуваат и да ги јадат останките на мртвите.

Расте и загриженоста за судбината на 39-те прерано родени деца кои повеќе не можат да се одржуваат во живот во инкубаторите, поради прекинот на снабдувањето со струја и гориво за генраторијте. Директорот Селмија за британскиот радиодифузен сервис ги потврдил синоќешните информации дека седум новороденчиња веќе починале поради недостиг од кислород.

Во изјава за француската агенција AFP, Селмија, вели дека најмалку 179 тела се погребани само во вторникот во заедничка гробница ископана во дворот на болничкиот комплекс „Ал Шифа“, меѓу нив и седумте бебиња.

Истакнал и дека во вторникот починале еден маж и една жена на одделот за интензивна нега, што е вкупно веќе 29 починати пациенти на овој оддел откако во саботата е прекината струјата.

Изралеската војска викендов тврдеше дека наводно Хамас одбил доставување гориво за генераторите на болницата, иако претходно пет седмици се оглушуваше на повиците на меѓународната заедница да овозможи снабдување на Газа со струја или со горива. И Марк Регев, висок советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израел нуди „практични решенија“ за да се евакуираат новороденчињата од одделот кој беше погоден од израелски бомби во саботата и го обвини Хамас за несоработување.