На адресата на средното електротехничко училиште во Белград претпладнево е добиена дојава за поставена бомба, јавија белградските медиуми.
Училиштето е евакуирано, а тимови на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен.
Дел од белградски медиуми јавија дека има дојава за бомба и во средното математичко училиште во Белград.