Административците ќе одмораат на 29 и на 30 ноември поради состанокот на ОБСЕ

Министерскиот состанок на ОБСЕ кој ќе се одржи во Скопје го промени работното време на вработените во државната и во јавната администрација, кои ќе имаат пауза од работа од ден ипол.

Според денешната одлука на Владата, а на предлог на Министерството за надворешни работи, работното време на сите вработени во државната и во јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), треба да заврши во 12:00 часот.

-А, 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и во јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи – кои што е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информираа од Владата.

Од Владата препорачаа сите општини во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат донесените заклучоци.

-Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, соопшти Влада.