
Цените на угостителските услуги во септември во однос на август годинава се намалени за 0,2 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 0,7 проценти, а во групата „ноќевања“ намалување за 2,7 проценти.
Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, цените на угостителските услуги се намалени за 1,4 проценти.
Во периодот јануари- септември годинава, во однос на истиот период од минатата година, цените се намалени за 0,8 проценти, а во однос на декември минатата година се зголемени за 0,4 проценти, говорат податоците на Статистика.