
Во четвртокот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на 25-годишниот Б.А. од Скопје.
При претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм. Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.