Поради штрајк парализиран железничкиот сообраќај парализиран во Германија

Железничкиот сообраќај во Германија беше речиси целосно прекинат во четвртокот поради еднодневен штрајк на машиновозачите, а само мал број возови сообраќаат со вонреден возен ред.

Покрај меѓуградскиот и меѓународниот железнички сообраќај, погоден е и локалниот и градскиот железнички систем, кој е дел од концернот Германскит железници (DB).

Синдикатот на германските машиновозачи (GDL) ги повика своите членови на еднодневен предупредувачки штрајк од среда до четврток навечер, со намера да го зголеми притисокот врз раководството на DB пред почетокот на преговорите што требаше да започнат во петок.

Раководството на DB го осуди штрајкот како „целосно неоснован“ и како мерка којашто само погаѓа милиони патници. DB го откажа почетокот на преговорите за зголемување на платите поради одлуката на GL да ги повика своите членови на штрајк.

Поради својата агресивна политика, контроверзниот шеф на синдикатот GDL, Клаус Веселски, кој во изминатите години наиде на жестоки критики од јавноста поради честите повици за штрајк, овој штрајк, кој беше сосема неочекуван, го оправда со „неподготвеност на DB“ да ги прифати барањата на GDL.

Синдикатот на машиновозачите бара од DB повисока плата за 555 евра, премија за ублажување на ударот од инфлацијата и намалување на работната седмица од 38 на 35 часа. DB се согласува со условите на GDL за зголемување на платите, но одбива да ја скрати работната седмица. Бруто платите на машиновозачите, во зависност од сојузната покраина, се движат меѓу 3.500 и 4.500 евра.

Набљудувачите со години предупредуваат дека редовните конфликти меѓу GDL и DB, кои траат со години и поради кои, по правило, најмногу страдаат патниците, се борба за превласт меѓу синдикатите на вработените во железницата. GDL, кој има малку членови и стравува за своето постоење, е во конкурентски односи со многу поголемиот синдикат EVG со кој најчесто нема проблеми во преговорите со DB, па затоа сака да се профилира со агресивни потези како што е ненајавен штрајк.