Независниот синдикат на здравствени работници на денешниот протест уште еднаш ги повтори своите барања за зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно време со неопределено.
Револтирани се поради фактот дека ниту Министерството за здравство, ниту пак Министерството за финансии имаат слух за нивните барања.
Велат дека доколку не бидат исполнети барањата ќе ги радикализираат протести со излегување на улица.