
Во Тетово од денеска ќе има привремен прекин во водоснабдувањето секојдневно по вкупно шест часа поради рестрикциите што ги воведе јавното комунално претријатие. Причина е дефектот на филтрите во пречистителната станица на новиот водоснабдителен систем.
-Недостигот на вода е резултат на дефект на филтрите од пречистителната станица на изворите во Лешница, кои моментално се надвор од употреба. Принудени сме да превземеме рестриктивни мерки за водоснабдување според следниот распоред- во временски интервал од 12:30 до 15:30 часот и во временски интервал од 01:00 до 04:30 часот. Бараме разбирање за оваа непријатна ситуација во овие ограничени временски периоди на водоснабдување, информираат од ЈКП Тетово.
Од ЈКП Тетово истакнуваат дека нивните работници работат на надминување на техничките проблеми.