Вкупно 64 тела беа откриени во 35 тајни заеднички гробници во државата Халиско во западно Мексико. Станува збор за жртви на картел на шверцери со дрога, соопштил портпаролот на јавното обвинителство, цитиран од „АФП“.
„Потрагата што траеше 24 часа во овој регион, заврши. Откривме останки на 64 лица во вкупно 35 заеднички гробници“, изјавил портпаролот.
Отворањето на гробовите во општина Ла Барка, во државата Халиско,е резултат на истрагата по исчезнатите двајца федерални полицајци од третти ноември, чии тела сепак не се меѓу пронајдените трупови.
Во рамките на истрагата еден цивил и околу 20 општински полицајци биле уапсени. Тие признале дека ги задржале федералните полицајци и ги предале на членовите на картелот „Нова генерација“ во Халиско. Тие пријавиле до властите и за местоположбата на 35-те масовни гробници.
Сега јавното обвинителство треба да почне идентификацијата на телата, врз чии посмртни останки има траги од насилство. Смртта на некои од нив се случила пред неколку месеци, а други починале пред две или три години.
Според официјалните податоци 26.121 лица се водат за исчезнати, а над 70.000 загинале во Мексико за време на претседателскиот мандат на Фелипе Калдерон, во период од 2006 до 2012 година, одбележан од војнтаа меѓу трговците со дрога.