
Најмалки 21 лице го загубило животот во Доминиканската Република по обилините дождови изминатиот викенд, а илјадници луѓе ги напуштиле своите домови, соопштија во понеделникот локалните власти.
Меѓу загинатите има и три деца, а деветмина Доминиканци загинале откако силните дождови предизвикале уривање на ѕид во тунел на автопат во главниот град Санто Доминго.
Диминиканскиот Оперативен центар за итни случаи (COE) соопшти дека дождовите предизвикале поплавување на куќи, прекин во снабдувањето со електрична енергија, а оштетиле мостови и патишта.
Доминиканскиот претседател Луис Абинадер невремето го опиша како „најголемата дожовна појава во историјата на земјата“, додавајќи дека наставата во училиштата е запрена до среда за да се гарантира безбеноста на учениците и наставниците.
Се очекува дождовите, кои се последица од тропските циклони, да продолжат во делови од земјата и во понеделник, соопшти американската амбасада во земјата.
Повеќето од 32-те покраини во земјата и натаму се под црвени и жолти метео-аларми, се додава.
Меѓу загинатите се и четворица американски државјани, како и тројца од соседно Хаити, извести агенцијата AFP.