Украинскиот претседател Володомир Зеленски во понеделникот ги сменил и двајцата високопозиционирани функционери за кибернетичка безбедност, а како причина се наведува истрага поради наводна проневера на пари, соопштија високи извори од владата во Киев.
Владата ги отпуштила Јуриј Шчихол, шеф на укаинската служба за специфични комуникации и заштита на информациите и неговиот заменик Виктор Жора, објави на платформата Telegram претставникот на владата во парламентот Тарас Мелничук.
Смените дојдоа во време кога антикорупциските истражители објавија дека спроведуваат истрага над функционери на позиции поврзани со кибернетичката одбрана на земјата поради наводно поневерување на 63 милиони украински гривни, околу 1,5 милиони евра, во 2021 година, во што биле вмешани шест лица.
Обвинителството не го откри иднетитет на другите функционери вмешани во случајот, а агенцијата Reuters навдува дека досега не добила одговор на бареањето за коментар.
Украина тврди дека ги засилила напорите за сузбивање на ендемската корупција, за којашто е обвинуван и самиот претседател Зеленски, во настојувањата да стане членка на Европската унија, за која борбата против корупцијата е клучниот предуслов за почеток на преговорите. Но, многу медиуми и аналитичари во Киев се склони ваквите потези на Зеленски да ги сметаат и како прикриена пресметка со неговите политички опоненти.