
НАТО го разгледува трајното зголемување на бројот на војници на Косово, за да ги држи тензиите под контрола, изјави генералниот секретар на Северноатланстскиот воен сојуз, Јенс Столтенберг во понеделникот.
НАТО истпрати стотици војници како засилување на своите трупи во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохоја каде албанското мнозинство во 2008 година со поддршка на САД и водечките западноевропски земји еднострано прогласи независна Република Косово. Војниците од Велика Британија и Романија дојдоа по судирот во северното село Бањска меѓу полицијата на Приштина и група вооружени лица од српското мнозинство на косовскиот север на 24-ти септември.
„Сега разгледуваме дали има потреба од трајно зголемување (на војниците) за да осигуриме оваа да не излезе од под контрола и да не се претвори во нов насилен судир на Косово или во поширокиот регион“, изјави Столтенберг за новинарите во текот на посетата на Приштина.
Септемврискиот судир предизвика нова меѓународна загриженост во врска со стабилноста на Косово, каде што албанското население е во големо мнозинство по погромот на српските жители во 2004 година.
КФОР, мисијата на НАТО којашто дејствува од 1999 година по тримесечното бомбардирање на Алијансата на Србија поради борбите соалбанските бунтовници, односно тогашната СР Југославија, кога беше договорено повлекување на српските безбедносни сили од покраината, во моментов брои повеќе од 4.500 војници од 27 земји.