Мултимедијален проект на Страхил Петровски – „Фрагментирани реалности“

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во салоните „Империјал 1 и 2“, на 24 ноември, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Фрагментирани реалности“ на мултимедијалниот визуелен уметник Страхил Петровски.

Станува збор за проект,  чиј куратор е Маја Чанкуловска – историчар на уметноста, во рамките на кој ќе бидат изложемни дела од најновата продукција на Петровски создадени годинава, а се работени во различни медиуми: просторна инсталација,  дела на хартија и „ready-made“ објекти поставена/и во салонот Империјал 1 и видео инсталација во салонот Империјал 2.

„Живееме во општество во кое се соочуваме со обезвреднување на нештата од секаков вид, испреплетување на разлики и конфликти… Она што веројатно е различно од порано е дека ние веќе немаме конфликти кои се врзани со вредностите или идеалите, но имаме со тоа, на кој начин овие конфликти се изразуваат… Имам чувство дека нашите конфликти се првенствено изразени како културолошки, но … “ вели во едно од своите еодамнешни интервјуа Петровски.

Роден во 1974 година во Куманово, Република Македонија, Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје како надворешен соработник конзерватор во лабораторијата за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал”, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство.

Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор – реставратор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и како Доцент по предметите фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје.

Самостојни изложби:

 

2023   Скопје, “Фрагментирани реалности / Fragmented realities” (мултимедијален проект) Културно информативен центар – Скопје

2023  Куманово, “Мементо мори / Memento mori” (просторна инсталација и видео) НУ Музеј Куманово, Уметничка галерија

2023   Братислава, Синагога во Ступава, Словачка, “Гласови / Voices” (просторна инсталација)

 2022   Париз, Франција, “Синергија во времето”(видео инсталација)

Амбасада на Република Македонија во Франција, (Cité des internationale des arts),Париз (Франција)

2022  Велес,“Синергија во времето”, Спомен костурница, Велес (видео инсталација со мапирање на фасада), Европски денови на културно наследство (тема: “Одржливо наследство”), Народен Музеј Велес

2021   Скопје, Кинотека на Р. С. Македонија, Перформанс “Несреден век”

2021   Скопје, Бела ноќ, Градски парк – Школка, “Занемени / Muted”, (видео инсталација)

2020   САД, Њујорк  “Action | Reaction | Wor(l)d | Акција | Реакција | Свет | Збор”, Македонски културен центар, Њујорк – МЦ галерија Њујорк, САД

2019   Скопје,„Еха од иднината| Echoes of the future”, НУ Национална галерија на РСМ, Mултимедијален центар Мала станица, Скопје

2018   Србија, Белград, „SCHISM”(society, culture, history, identity, sequence, masks), Галерија73, Белград (Србија)

2018   Париз, Франција,„Urban Echoes | Урбани eха”, Амбасада на Република Македонија во Франција, (Cité des internationale des arts),Париз (Франција),  фото инсталација и видеа

2018  Куманово, „Сите бои на џезот 2018 / All the colors of jazz 2018” (перформанс), Уметничка галерија – НУ Музеј Куманово

2017  Куманово, „Идентитети II”, НУ Музеј Куманово, Уметничка галерија

2017  Тетово, „Language of the wall / Јазикот на ѕидот”, НУ Галерија, Стар амам Тетово

2016  Скопје, „Идентитети”, НУ Национална галерија на Македонија,Чифте амам, Скопје

2003  Охрид, „Пораки, записи, сеќавања”, Куќа на Робевци, Охрид

2002  Австрија, Виена,„Пораки, записи, сеќавања”, Галерија „Ланг“, Виена (Австрија)

2001  Скопје, „Интимни записи”, Културно-информативен центар, Скопје

2001  Скопје, „Крај на векот – Ред / Хаос, Хаос / Ред”, Музеј на град Скопје

1997  Куманово, „Слики и цртежи“, Уметничка галерија- НУ Музеј Куманово

 

Учествувал на повеќе од 80 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство: Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2017, 2019, 2020, 2021, 2022); Охрид (2017); Струга (2021); Неготино (1995); Тетово (1995, 2022); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021); Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горни Милановац, Србија (2000, 2022); Риека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Бугарија (2017); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005, 2017); Урбино, Италија (2018); Малезија (2018);Широки Бријег, Босна и Херцеговина (2020); Ниш, Србија (2022) ; Венеција, Италија (2023)

 

Награди:

1997  Пофалница од Меѓународно жири на СИАБ 97, Музеј на град Скопје

1999  Откупна награда од НУБ „Св. Климент Охридски“, ДЛУМ – Цртеж ’98, Скопје

2000  Награда „Димитар Кондовски“ за сликарство, ДЛУМ – 47. Ревијална годишна изложба, Музеј на град Скопје

2002   Награда „Константин Мазев-Коце“ за сликарство, Македонско ликовно творештво мал формат, Културно-информативен центар, Скопје

2018  11„Ноемвриска награда” на градот Куманово од областа на современата ликовна уметност, Куманово

2020 Награда 75 год. ОСТЕН БИЕНАЛЕ на цртеж Скопје 2020 (посебно признание од жири)

2021 Награда “Вангел Коџоман”, Ликовно творештво Мал формат 2021, Културно информативен центар – Скопје

2022 Гран при 19-ти Зимски салон на ДЛУМ 2022, на тема:”Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање”