Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху бил двапати годинава предупреден од разузнувачките служби дека домашните тензии околу плановите за ремонт на судството на неговата влада ги охрабруваат Иран, Хезболах и Хамас потенцијално да преземат воена акција против Израел, според весникот Хаарец.
Весникот наведува дека генералот Амит Саар, началникот на Одделот за истражување на воено разузнавање на ИДФ, најпрво апелирал до Нетанјаху на 19 март, една недела пред Кнесетот да го одобри предлог-законот за ремонт и премиерот да го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант.
Второто писмо, наводно, било испратено на 16 јули, една недела пред Кнесетот да го одобри таканаречениот нацрт-закон за разумност, кој ги ограничи овластувањата за ревизија на судството.
„Сите играчи во безбедносниот систем забележуваат дека Израел е во сериозна, невидена криза, која ја загрозува неговата кохезија и го ослабува. За нашите главни непријатели – Иран, Хезболах и Хамас – оваа слабост е израз на линеарен процес кој завршува со колапс на Израел, а сегашната ситуација е можност да се забрзаат и продлабочат неговите неволји“, се цитира Саар во првото писмо.
Саар, исто така, наводно предупредил дека политичките поделби во Израел ја наведуваат земјата „да се обиде да се воздржи од безбедносна ескалација дозволувајќи ризиците да растат“.