
Без оглед на тешкотиите, грчката влада не се откажува од амбициозните планови, таков е и Наацрт-Буџетот кој е претставен пред Парламентот.
До крајот на оваа година, Грција ќе излезе од рецесија, економскиот раст ќе биде о,6 отсто, а БДП 2,9 осто.
„Земјата влегува во период на одржлив економски раст и суфицит во буџетот. Тоа ќе ни помогне да ја намалиме невработеноста и подигнување на стандардот на живот. Досегашните страдања на Грците не беа залудни“, изјави заменик министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас.
Планот е економскиот раст да се реализира благодарение на зголемувањето на приватната потрошувачка. Таа би земала замав по доначите олеснувања. Многу се очекува од извозот и новите инвестиции.
Непопуларните мерки, како намалување на платите и пензиите остануваат на сила. Поради оваа причина Грците се повторно на улица.
Жителите на Атина се жалат дека оваа состојба е неиздржлива и не може да се живее од трошките кои им ги дава Владата.
Треба да се убедат и граѓаните и пратениците дека Владата ја прави вистинската работа. Сите ги потиштува долгот од 320 милијарди евра. Тоа одговара на вредноста од 170 отсто од вкупниот БДП на грчката економија.
Расправата на Нацрт-Буџетот доаѓа во чувствителен политички момент, кога Владата на премиерот Андонис Самарас побара да и се гласа доверба, бидејќи многу пратеници и граѓани се против мерките за штедење.