
Албанија ја поддржува независноста на Косово, но не размислува за опцијата на т.н. „Голема Албанија“, изјави Ремзи Лани, генерален директор на Албанскиот медиумски институт, објави МИА.
– Ниту една политичка партија во Албанија не се залага за такво нешто. Тоа е нешто кое повеќе го слушаме надвор од земјата, истакна Лани за белградскиот весник „Данас“ пред официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, одговарајќи на прашањето каков е ставот на Албанија околу идејата за формирање „Голема Албанија“.
Лани, кој неодамна престојувал во Белград како учесник на Белградскиот безбедносен форум, оцени дека посетата на Рама на Белград е прва на еден албански премиер во последните седум децении и тоа е многу важно за односите меѓу двете земји.
Посетата на албанскиот премиер на Белград е најавена за 22 октомври.