УНИЦЕФ предупредува на опасност од болести и епидемија во Газа

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска предупреди дека постои сериозна опасност од трагично избивање на епидемијата во опколената Газа.

„Во Газа без доволно гориво, ќе бидеме сведоци на колапс на санитарните служби, а потоа ќе имаме, покрај минофрлачи и бомби, совршена бура за ширење на болести“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, според лондонскиот весник „Гардијан“.

Елдер предупреди на „очајниот недостаток на вода“ и објасни дека фекалните материи се расфрлани низ густо населените населби.

„Недостигот на тоалети и сериозни, строги ограничувања за миење раце, лична хигиена и чистење се неприфатливи“, рече Елдер, пренесува Танјуг.

Тој предупреди дека потенцијалот за поширока загуба на животи во Газа значително се зголемува, бидејќи се проценува дека 800.000 деца се раселени од своите домови.

Тој презентираше дека во Газа почнува да врне дожд поради што децата и сите што останале во Газа ќе се соочат со сериозна закана од масовна појава на болеста, која, како што нагласи, може да биде фатална.