ЕК нема докази дека помошта за развој на Палестинците завршува кај Хамас

Европската комисија (ЕК) во вторникот објави дека ја завршила анализата на развојната помош за Палестинците и дека нема докази дека таа завршува кај исламистичкото движење Хамас, коешто од 2007 година е на власт во палестинската енклава Појасот Газа.

По нападот без преседан а Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври, Европската комисија најави дека ќе провери каде оди развојната помош за Палестинците, бидејќи се појавија сомневања дека дел од неа завршува во рацете на Хамас.

„Проверката покажа дека заштитните мерки се ефективни. Сега работиме на дизајнирање на нашата идна поддршка за Палестинците“, рече претседателката на извршната власт на Европскаа унија, Урсула фон дер Лајен.

Евроспката комисија посочува дека ги проверува дополнителните информации од сите корисници на грант помош и дека во исто време продолжува да испраќа помош до организациите кои ги дале бараните појаснувања и уверувања дека се почитуваат заштитните мерки за помошта да не престане. во погрешни раце.