Две лица повредени во сообраќајка на делницата Градско – Прилеп

СВР Велес соопшти детали за сообраќајката кај мотел Дреново, што се случи денеска во 15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп. Во несреќата со телесни повреди се здобиле еден возач и сопатничка, констатирани во  болницата во Кавадарци.

-Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила, „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(59) од село Секирци-Општина Долнени и „југо” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(73) од село Сирково-Општина Росоман, појасни портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на југото и сопатничката во аудито, констатирани  во  болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.