Голот на Николас Отаменди ѝ помогна на Аргентина да го победи Бразил на гостувањето во Рио де Жанеиро во натпреварот од 6-то коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026 година, чиј почеток беше одложен половина час поради судир на навивачите и полиција на трибините на стадионот „Маракана“.
Сѐ додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, репрезентативците на Аргентина беа повелечени во нивната соблекувална.
Кога започна натпреварот, актуелните светски шампиони покажаа повеќе во тврдиот натпревар, а единствениот гол беше постигнат во 63. минута. Џовани Ло Селсо уфрли од корнер, а Николас Отаменди беше највисок во скокот и со силен удар со глава погоди во горниот десен агол покрај немоќниот бразилски голман Алисон Бекер.
Бразилците го дочекаа крајот на натпреварот со десет играчи на теренот, бидејќи во 82. минута, само десет минути по влегувањето во игра, Жоелинтон беше исклучен, поради удар во лицето на противничкиот играч Родриго де Пол.
Домашните ги пречекаа светските шампиони со надеж дека ќе ја прекинат серијата од два пораза, но доживеаја ново разочарување и загубија три квалификациски меча во низа, првпат во историјата.
По шест кола, Аргентина е на чело со 15 бода, три повеќе од второпласираниот Уругвај, кој ја победи Боливија со 3:0. Колумбија е трета со 12 бода. Бразил е на шестото место со седум бодови, последната позиција којашто води директно на Светското првенство во 2026 година.
Останува уште 12 кола до крајот на јужноамериканските квалификации, па Бразилците имаат доволно време да ги поправат грешките на последните три натпревари во кои останаа без ниту еден бод.
Јужноамерикански квалификации за СП 2026 – 6 коло
Бразил – Аргентина 0:1 (Отаменди 63)
Парагвај – Колумбија 0:1 (Боре 11-11м)
Еквадор – Чиле 1:0 (Мена 21)
Уругвај – Боливија 3:0 (Нуњез 15, 71, Виљамил 39-аг)
Перу – Венецуела 1:1 (Јотун 17 / Саварино 54)
Табела:
1. Аргентина 6 5 0 1 8-2 15
2. Уругвај 6 4 1 1 13-5 13
3. Колумбија 6 3 3 0 6-3 12
4. Венецуела 6 2 3 1 6-3 9
5. Еквадор 6 3 2 1 5-3 8
6. Бразил 6 2 1 3 8-7 7
7. Парагвај 6 1 2 3 1-3 5
8. Чиле 6 1 2 3 3-7 5
9. Боливија 6 1 0 5 4-14 3
10. Перу 6 0 2 4 1-8 2