Пожар избувна околу 10 част и 30 минути во магацин на трговска фирма со материјали за електротехника и железарија во близина на тетовското село Фалише. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица.
-Пожарот е пријавен во СВР Тетово, полицајци го обезбезбедуваат местото. Засега немаме информациите за повредени лица, информираат од СВР Тетово.
На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Од ЦУК информираат дека од страна на Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.
-Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
Поради густа нмагла во Тетово не е дозволено гасење на пожар од воздух во овој момент.
Фото: ЦУК