Денес, 35 американски волонтери на Мировен корпус С Македонија денеска положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 800 американски граѓани кои служеле во Северна Македонија од 1996 година. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во С Македонија соработувајќи со наставници, ученици, и организации.
На церемонијата присуствуваа амбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер, Претседателот на Република С Македонија, Стево Пендаровски, претставници на министерствата и општините, директори на училишта и други соработници, како и семејствата-домаќини на волонтерите. Волонтерите ќе почнат со својата служба во четврток.
„Волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка му го нуди на светот, а што е уште поважно, тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што С Македонија му го нуди на светот. Тие градат мостови меѓу луѓето од нашите две држави кои траат со години и продолжуваат да постојат дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба.“, рече амбасадорката Анџела Прајс Агелер.
Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.
“Во следниот период, овие волонтери ќе бидат добредојдени во новите домови и заедници и ќе започнат да работат во локалните училишта, општините или невладините организации во кои се назначени. Сакам однапред да им се заблагодарам на семејствата-домаќини и соработниците за сета поддршка што ќе ја пружат во текот на следните две години од службата на нашите волонтери.”, рече директорот на Мировниот корпус во С Македонија Дејвид Рисајд.
Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.