Никој човек не би сакал да живее пред се во распраднат систем, корумпирано општество без основни услови за живот, во сиромаштија и дискфункционални институции, здравство кое разболува а не лечи. Секој млад човек без разлика каде и да живее сака среден систем систем на вредности, мерит систем каде ќе биде вреднуван како индивидуа, рече професорката и кариерен дипломат Викторија Трајков на денешниот Форум “Профемина 2023” кој се оддржува во Хилидеј Ин с е во организација на Магазинот Убавина и Здравје.
На прашањето како да ја заштитиме Македонија и се што е македонско а напоредно сето тоа да го промовираме, проф. Трајков вели дека нашиот однос кон нашата држава зависи исклучиво само од нас.
-Македонија е бренд сама по себе, како велат: само сонцето е постаро од Македонија… но ние не научивме дека треба да го искористиме секое нејзино ќоше кое е инспиративна приказна за секој еден кој живее надвор а сака или има тенденција да биде макар и на неколку дена дел од приказната за Хераклеа, Кокино, Калеш Анѓа, македонскиот Ерусалим Охрид итн. Под итно да го смениме односот кон нашето, македонското! Само така ќе одиме напред!, додаде проф.Трајков.