Разрешувањето на Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител предизвика позитивни коментари кај голем број граѓани затоа што поради нејзиното неправедно судење беа загрозени голем број на човечки животи.
Кога станува збор за неправедното судење на Русковска не може а да не се споменат неправедно обвинетите и неправедно осудените лица од случајот 27-ми Април. Тука не може а да не се спомене Богдан Илиевски кој беше еден од неправедно обвинет и осуден од овој случај и кој по разрешувањето на Русковска порача дека поради неа беа оскатени многу луѓе како и нивните фамилии.
– За 27-ми април беа користени лажни сведоци криминалци, употребувани како тајни сведоци лица со ефективни пресуди за опасна корупција, беа вадени изјави од контекст, беа криени докази во корист на обвинетите, беше направено се за скапаницата Вилма и нејзината верна Кацарска да ги осакатат луѓето и нивните фамилии, да го исплашат народот и да ја клекнат државата. Се противеше и на амнестијата, не можеше нејзиниот расипан болен мозок да поднесе да не влеземе сите во затвор, иако истеравме 13 месеци во притвор по методот „го ставив во притвор и го заборавив хахаха“, кој што често го практикуваше, напиша тој на својот фб статус.
Исто така кога ќе се спомене 27-ми Април не може да не се спомене и неправедно осудениот Јане Ченто, кој 6 години поради Вилма Русковска лежеше неправедно во затвор.
– Те слушам пензија ќе си земала, само да ти порачам и да ти ветам таа пензија ќе ја земеш во затвор, онаму каде што нас нѐ прати невини. Со твојот болен мозок намести чесни македонски патриоти да лежат во затвор, напиша Ченто на својот фб профил.
По него следуваше и Филип Ангелов, еден од осомничените од 27 Април кој порача на Вилма Русковска политичката пензија да ја троши во затвор заради тоа што прати невини луѓе во затвор.