Повеќе населени места во Македонија останаа без струја

Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во реоните, што во моментот се без електрична енергија во:

Скопје – Скопје Центар, околу „Млин Балкан“, Идадија и ул. „9ти Мај“;
Струмица – „Карбино 3“ – Добрејци, Василево, Градошорци и околина;
Тетово – Селце, Лавце и околината;
Тетово – Бродец, Вешала, Бозовце, Вејце, Шипковица;
Свети Николе – Преод и Крушица;
Кичево – Црвивци, Осломеј, Жубрино, Арангел, Србица, Бериково, Јагол, Туин;
Дебар – Житинени, Центар Жупа, Баланци, Броштица, Горенци, Переши, Жировница, Гари, Лазарополе;
Гостивар – Горна и Долна Ѓоновица, Балиндол, Лакавица, Митрови Крсти, Симница, Трново,Куново, Србиново, Падалиште, Железна Река и во
Гостивар – Вруток – Речане, Церово, Равен
Македонски Брод – Бенче, Ковач, Звечан, Горно и Долно Ботушје, Кичан, Битово, Болче, Растеж, Требовље, Близанско и Здуње.

Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.