Фудбалерите на Штугарт ја продолжија серијата позитивни резулати сезонава, откако во последниот дуел од саботната програма на 12-то коло во германското првенство со 2:1 го совладаа Ајнтрахт во Франкфурт.
Двата погодока за гостите од Штургарт ги постигна Дениз Ундав, во 1 и во првата минута од судиското продолжение на првото полувре. Ајнтрах само накусо израмни на 1:1 со автоголот на Валдемар Антон во 26 минута.
Со оваа победа Штургарт е трет со 27 бодови, седум помалку од водечкиот Баер Леверкузен, пет помалку од вториот Баерн Минхен, но и три повеќе од четвртата Борусија Дортмунд. Ајнтрахт Франкфурт, пак, е седмопласиран со 18 бодови.
А Баер Леверкузен претходно во саботата се врати на челно на табелата во Бундселигата со убедливата победа од 3:0 на гостувањето кај Вердер во Бремен.
Гостите од Леверкузен поведоа со автоготлот на Оливие Деман во 9, а потоа прецизни беа и Џеремени Фримпонг во 42 и Алекс Грималдо во 76 минута.
Баер Леверкузен дојде до 34 бодови и два бода повеќе од вториот минхенски Баерн кој во петокот вечерта со 1:0 го совлад на гости Келн. Вердер е 12-ти со 11 бодови.
Во дуелот на двете Борусии, домашната во Дортмунд со голем пресврт дојде до победа од 4:2. Гостите од Менхенгладбах поведоа со 2:0 со погодоците на Роко Рејтс во 13 и Ману Коне во 28 минута, но домашните веќе до крајот на првиот дел го направија пресвртот. Стрелци за тимот на „Милионерите“ беа Марсел Забитцер во 30 , Никлас Филкруг во 32 и Џемјни Биное-Гитенс во 45 минута, а победата ја потврди Донел Мален во седмата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Борусија од Дортмунд е четвртопласирана со 24 бодови, а истоимениот клуб од Менхенгладбах е 11-ти со 13 бодови.
Волфсбург дома со 2:1 го поведи РБ Лајпциг. Домашните поведоа во 9 минута преку Јонас Винд, а гостите успеаја да израмнат преку Јусуф Поулсен во 52, но сепак Волфсбург дојде до трите бода со голот на Рожерио во 66 минута..
Со овој пораз РБ Лајпциг не успеа да ја одржи четвртата позиција и сега е петти со 23 бодови, додека Волфсбург направи скок за четири места на табелата и сега е осми со 16 бодови.
Униот Берлин на свој терен ремизираше 1:1 со Аугсбург, а се спаси во пораз со голот на Кевин Воланд во 88 минута. Гостите поведоа во 39 минута, кога најстрога казна реализираше Ермедин Демировиќ.
Аугсбург се одржа на 10 место со 14 бодови, а Унион Берлин ја продолжи кризата и остана претпоследен 17-ти со седум бодови, два помалку од зоната која гарантира опстанок.
Со идентичен резултат 1:1 заврши и дуелот меѓу Фрајбург и Дармштад. И на овој дуел гостите поведоа први во 18 минута со голот на Матијас Хонсак, но домашните набрзо израмнија, во 35 минута преку Лукас Холер.
Дармштад се одржа со 9 бодови на 15-то место, веднаш над зоната на испаѓње, а Фрајбург е 9-ти со 15 бодови.