
Во понеделникот, министерот за одбрана на Босна и Хереговина, Зукан Хелез, сведочеше во Обвинителството на БиХ за наводното постоење „паравоени кампови за обука“, како дел од истрагата што беше покрената откако тој во интервјуто тврдеше дека такви кампови наводно постојат во Република Српска и се управувани од луѓе од Русија.
Хелез околу еден час бил во седиштето на Обвинителството на БиХ во Сараево, а потоа избегна бројни новинари кои сакаа да го прашаат што зборувал таму, но пред сослушувањето изјави дека бил повикан како сведок и дека тој бил подготвен да ги презентира информациите што ги имал.
„Имам многу информации кои ќе ги дадам на Обвинителството“, рече Хелез, нагласувајќи дека тоа се сериозни работи кои не може „делумно да ги сподели со медиумите“.
Минатата седмница, во интервју за регионалната телевизија N1, Хелез рече дека наводно постоеле информации дека наводно постојат кампови во Босна и Херцеговина и на територијата на Република Српска каде се спроведувала паравоена обука и во што повремено биле наводно вклучени и припадници на полицијата на срспскиот ентитет. Тој, исто такам изјави дека обуката ја спроведувале луѓе од Русија, а потоа објасни дека такви кампови постојат во областа Рогатица во источна Босна и на планината Маглиќ.
Неговите изјави предизвикаа бран осуда од Република Српска, а владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), на чело со Милорад Додик, најави дека поради сето искажано ќе бара разрешување на министерот за одбрана.
„Тој излегува во јавноста со лудости и ова не му е првпат“, рече членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ.
Бошшњачките медиуми, пак, наведуваат дека Хелез веќе со месеци бил цел на критики од политичарите на босанските Срби поради неговото силно залагање за членство на Босна и Херцеговина во НАТО, на што и тие се подеднакво категорично против.
Актуелниот министер за одбрана бара итно зголемување на средствата за одбрана бидејќи буџетот со кој располага неговото министерство и вооружените сили на Босна и Херцеговина изнесува скромни 200 милиони евра годишно, а тековните трошоци едвај се покриваат од таа сума.
Хелез во понеделникот потсети дека одлуката на Претседателството на БиХ, усвоена во 2017 година, предвидуваше издвојување на околу 870 милиони евра за модернизација на вооружените сили, но до денес за ова не е предвидено ништо од буџетот, па вооружените силите се потпираат на билатерални аранжмани за набавка на опрема и оружје, особено со Германија, САД и Велика Британија.
„Лобиравме за помош од земјите кои се наши партнери“, рече Хелез, потврдувајќи дека САД обезбедиле 44 милиони долари за купување на нови хеликоптери за вооружените сили на Босна и Херцеговина.