Ирскиот писател Пол Линч добитник на наградата „Букер“ за дистопискиот роман „Песната на пророкот“

(AP Photo/Alberto Pezzali)

Ирскиот писател Пол Линч ја доби Букеровата награда (Booker) за 2023 година за неговиот роман „Prophet Song“ (Песната на пророкот), приказна за семејство и земја на работ на катастрофа додека имагинарната ирска влада скршнува кон тиранија.

Во својот петти роман, Линч се обидува да ги прикаже немирите во западните демократии и нивната рамнодушност кон катастрофите како што е имплозијата на Сирија.

„Од првото тропање на вратата, ‘Prophet Song’ нè извлекува од нашето самозадоволство додека ја следиме застрашувачката мака на една жена која се обидува да го заштити своето семејство во Ирска што тоне во тоталитаризам“, изјави Еси Едугјан, претседателка на жирото за доделувањето на Букеровата награда за 2023 година.

„Ова е триумф на емотивното раскажување, смело и храбро“, истакна Едугјан.

Линч, кој претходно беше главен филмски критичар на ирската весник The Sunday Tribune, рече дека сака читателите да го разберат тоталитаризмот со зајакнување на дистопијата со интензивниот реализам на неговото пишување.

„Сакав да го продлабочам нурнување на читателот до таа мерка што до крајот на книгата не само што знае, туку и само дда го почувствува овој проблем“, рече Линч во коментарите објавени на веб-страницата на наградата „Букер“.

Тој стана петтиот ирски автор кој ја добил Букеровата награда, по Ајрис Мардок, Џон Банвил, Роди Дојл и Ен Енрајт, соопштија организаторите на натпреварот. Северноирската писателка Ана Барнс победи во 2018 година.

Меѓу некои од поранешните добитници на „Букер“, кој првпат беше доделен во 1969 година, се и славните книжевници Маргарет Атвуд, Салман Ружди и Јан Мартел.

„Prophet Song“ е објавена во Велика Британија од издаваштвото „Oneworld“, чии изданија, исто така, ја освоија наградата во 2015 и 2016 година односно со „A Brief History of Seven Killings“ (Кратка историја на седум убиства) од Марлон Џејмс и „A Brief History of Seven Killings“ (Распродажба) од Пол Бити.