Бродот што потона кај Лезбос пловел кон Украина со сомнителен товар, пишуваат медиумите

Товарниот брод „Raptor“ кој пловел под знамето на Коморските острови, кој викендов потона крај грчкиост остров Лезбос, се упатил кон Украина со сомнителен товар, пишува весникот Kathimerini повикувајќи се на сведочењето на спасениот морнар.

Бродот потона во неделата, а неговиот екипаж го сочинувале 14 лица – еден Индиец, 11 Египќани и двајца сириски државјани. Еден египетски морнар беше спасен, а од морето е извлечено телото на уште еден морнар. Како што извести атинската новинска агенија АМНА, бродот „Raptor“ превзеувал сол од Египет кон Истанбул. Непшосредно пред несреќата, капетанот пријавил дефект на моторот и мало навлегување на вода во складишниот простор и поместување на товара, што довело навалување и потопување на бродот. Во саботата утрото капетано испратил сигнал за помош до блиските бродови, но „Raptor“ исчезнал од радарите.

„Се појави нова информација за товарниот брод ‘Raptor’ што потона вчера кај островот Лезбос“, објави Kathimerini.

„Според достапните податоци, бродот бил на црната листа на меѓународните контролни тела (Paris MOU & Black Sea MOU). Затоа што пред 24 месеци бил отркиено дека документите на членовите на екипажот не биле валидни, а имало и незаконски записи во книгата за евиденција на нафта (Oil Record Book). Последново се толкува како индицја дека бродот можел да изведува нелегални активности – непријавени пловидби, односно да бил вмешан во криумчарење“, пишува весникот.

„Сомнежите на властите се засилуваат со фактот што спасениот морнар им кажал на претставниците на Крајбрежната стража дека крајната дестинација на бродот била Украина, а во Истанбул само требало да наполни гориво“, се наведува натаму во написот на весникот.

Се забележува дека екипажот, најверојатно следејќи ги упатствата од сопственикот на бродот, не барал помош уште во саботата и покрај фактот што водата почнала да продира во складишниот простор.

„Наместо тогаш, тоа го направил дури вчера (неделата) утрото“, потесетива Kathimerini.

Во сопственост на истата бродска компанија бил и бродот „Manassa Rose“, кој потона во заливот Кисамос на Крит во јануари 2022 година. Тогаш властите подигнаа дело против челновите на екипажот за дејствија што довеле до бродолом, како и за транспорт на криумчирани тутунски производи, потсетува весникот.