Облачно со дожд, на повисоките места снег

Во вторникот во Македонија ќе преовладува облачно време, а на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Во некои од пониските места врнежите прво ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат повеќе од 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Утринските температури се движат од минус 6 до 3, додека максималните дневни соодветено ќе бида во интервалот меѓу 2 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени.