Иван Мркиќ, шефот на дипломатијата на Србија за „Вечерње Новости“ вели дека Србија им нуди на соседните земји воспоставување на заеднички дипломатски претставништва во странство според „скандинавскиот модел“, а најблиску до договор се со Македонија и Црна Гора.
МНР на Србија ова го понудила за намалување на трошоците на дипломатските мрежи на овие држави. Првите контакти се веќе реализирани со Скопје, Подгорица, Сараево и Љубљана за дипломатски претставништва во Африка, Азија и Јужна Америка, пишува весникот.
Мркиќ изјавил дека веќе годинава можело да биде постигнат договор.
„Најблиску до договор сме со Македонија и Црна Гора. Продолжуваме со плановите за ширење на дипломатската мрежа, а ќе им понудиме на оние кои се заинтересирани да ни се придружат. Тоа ќе ги намали трошоците, но и ќе го зголеми регионалното влијание во земјите во многу делови во светот”, вели Мркиќ.