На италијанскиот бездомник кој доби на лотарија му дозволија да ја подигне премијата

Италијанскиот бездомник кој минатиот месец доби 37.000 евра на лотарија, но не можеше да ја подигне премијата бидејќи имал застарени документи, на крајот на помош му притекнаа властите овозможувајќи му да добе парите, објавија италијанските медиуми.

Џанлуиџи, попознат по прекарот Касано, на почетокот не можел да го рализира лозот, бидејќи немал здравствена книшка а даночниот број му бил истечен.

Како што објави италијанскиот весник Corriere Adriatico, по еден месец бирократски компликации, официјалните лица минатиот петок рекле дека тој може да ги повлече парите.

„За да ги подигнете добивките потребна ви е здравствена книшка, но јас немам. Имам само стар даночен број кој е неважечки“, рекол Џанлуиџи, додавајќи дека со освоените пари ќе располага сам и дека сѐ уште сака да остане „невидлив“.

На 24-ти октомври, Касано доби премија на лотото 4+1, плаќајќи 1,5 евра за тикетот.

Џанлуиџи е по потекло од регионот Апулија. Оние кои го познаваат во неговиот роден град Сенигалија, летувалиште во провинцијата Марка, му го дале прекарот „Касано“ по поранешниот напаѓач на Рома и Италија, Антонио Касано, кој е роден во градот Бари.

Приказната за среќата на бездомникот се најде на насловните страници на италијанските весници и портали.