Фејсбук објава на Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ:
„Три месеци неоправдано ме држеа во притвор за потоа самите да се откажат од прогонот врз мене.
Удрија по мене лично, а потоа и по моето семејство.
Закани, уцени, двосмислени пораки и совети да си дадам оставка од пратеник, само и само да ме притиснат да гласам за промена на уставот на Република Македонија со цел промена на името.
Денес после шест години, дел од нив се наоѓаат на буништето на историјата, а дел се на крајот на своите политички кариери.
Јас и денес одам со гордо крената глава и сум со својот народ насекаде низ Македонија. Сум кажала и ќе кажам: НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРЕДАДАМ СВОЈОТ НАРОД!
Денес после шест години сеуште имаме луѓе кои лежат во затвор само затоа што си ја сакаат Македонија. Јас цврсто верувам дека за многу скоро од денес правдата и за тие луѓе ќе излезе на виделина.
После шест години им благодарам и секогаш ќе ги паметам моите пријатели кои по цели ноќи минуваа во мојот дом за да ја дадат својата поддршка кон мене и моето семејство.
Благодарам и на целиот народ од секаде низ Македонија кој во тој период, а и ден денес ми дава поддршка за продолжам да се борам за подобро утре на нашата Македонија.
Времето минува брзо, она што вечно ќе се памети и ќе боли е неправдата!“, пишува во својата објава Пешевска.