Тоа што пратеникот од СДСM, Мартин Костовски се ставил во спрега со судија и не го почитува законот за пратеници, законот за навреда и клевета член 7 каде се наведени основите за неодговорност од говорница во Собрание, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5, говорејќи во однос на пресудата за пратеникот Бране Петрушевски.
Лефков прикажувајќи снимка од Костовски кој ги навредува пратениците во Собрание посочи дека не постои друг пратеник кој така ги навредува своите колеги со зборовите патолошки лажговци или шибицари.
Воедно тој посочи дека Костовски треба да и се извини на јавноста.
-Пратеникот има два вида на имунитет, материјален и процедурален. Материјалниот произлегува од Законот за пратеници член 16 кој кажува дека пратеник не одговара за исказ кој го дал пред Собрание, материјалниот имунитет е основа за слободата и функционирање на законодавниот дом. Процедуралниот имунитет е тој имунитет за кој Мартин Костовски зборува, за него е специфично што тој имунитет важи и кажува дека е надвор од пратеникот и со него се обезбедува независност на законодавниот дом, изјави Лефков.