
Траект удрил во брег на пристаништето во Сплит при што повредени биле неколку патници.
Траектот кој допловил од Шолта почнал да маневрира на пристаништето за да ги истовари патниците и возилата. При маневарот му се оштетило едно од цревата за хидрауликата при што останал без управуач и со страната удрил на рампата за истовар.
Нјголем дел од патниците веќе биле во гаражата и се подготвувале да влезат во автомобилите при што паднале на подот.
Итната помош однела четири патници.
Очевидци велат дека вистинска среќа е што некој од авотмобилите не се придвижил и не потиснал некој од патниците меѓу нив.