Од утре потопло и сончево време

Македонија утре претпладне ќе има променливо облачно време, а попладне ќе имаме повеќе сончеви периоди особено во западните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и релативно топло време. Во одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.