Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратиме заложниците што ги држи Хамас. Светот ќе се обедини да ја ослободи Газа од Хамас и ќе се осигураме дека вакви настани нема да се случат на кое било друго место во светот, изјави израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот состанок на ОБСЕ што денеска се одржува во Скопје.

– 7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратите сите заложници и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободиme Газа од Хамас – ИСИС со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот, изјави Коен.