Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Мазнева по трет пат стана мајка. Таа на свет ја донесе ќеркичката Милица. Нејзиниот сопруг, Мики Трајковски веста ја сподели на социјалните мрежи, пренесува Пресс 24.
„Од овој ден, ти си ми единствена. Се роди мојата ќеркичка Милица. Жива и здрава нека е“ напиша тој на својот профил.
Милица е третото дете на Мазнева, а прво на Мики. Таа од претходниот брак ги има ќерките Ана и Михаела.