Хамас ги „обележувал“ еврејските деца и ги затворал заложниците во кафез

Израелските заложници кои се извлечени од заробеништвото во Газа во голема мера се држат подалеку од очите на јавноста, но извештаите кои полека стигнуваат до медиумите од членовите на нивните семејства укажуваат на широко распространета злоупотреба и тортура од страна на Хамас.

Заложниците пријавуваат дека биле тепани, им се заканувале со смрт, недоволно хранети, биле чувани во кафези и им била одбиена медицинска помош.

Елма Аврахам (84), која имала здравствени проблеми, била земена како заложник од кибуцот Нахал Оз на 7 октомври, денот на нападот на Хамас. Иако била во општо добро здравје кога е заробена, таа од заробеништво се вратила со многу влошена здравствена состојба.

„Ја држеле во ужасни услови“, рече нејзината ќерка.
„Застанавме на влезот со пакет лекови за неа. Мајка ми немаше потреба да се врати на овој начин и немам поим како ќе помине овие денови“.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари рече: „Нејзе ѝ биле одбиени лекови и не била посетена од Црвениот крст“.

Слично била запоставена и Дица Хејман (84), која Хамас ја киднапираше од кибуцот Нир Оз.

„Киднаперите ја одвеле мајка ми на таванот на една недовршена зграда во Газа. Таму била скриена сосема сама, без други заложници и била заробена во зградата“, изјави нејзиниот син Гидеон за Канал 12.

„На студ, без вода, струја и со многу малку храна. Нема да навлегувам во детали за хигиената… Помислете на најлошото можно – а потоа полошо и од тоа“, рече тој.

„Еднаш или двапати дневно еден од киднаперите доаѓал кај неа, и послужувал храна и си заминувал. Во текот на сите овие денови таа не добила никаков медицински третман, ниту можела да побара, бидејќи киднаперите не зборувале хебрејски или англиски јазик“, додаде тој.

Жените заложници биле чувани во кафези, откри во понеделникот Форумот за заложници и исчезнати семејства, група формирана по нападот.

Децата биле жигосани во случај да избегаат, според Јанив Јаков, вујко на браќата Ор (16) и Јагил (12), кои беа ослободени на 27 ноември.

„Секое дете што го зеде Хамас беше однесено на мотоцикл, а тие го земаа секое дете и им ја ставиле ногата пред издувната цевка, што предизвика изгореница да ги обележи децата за ако  побегнат да ги најдат,” тој рече.

Тајландски заложник кој беше ослободен изјави за израелскиот Канал 12 дека еврејските заробеници биле тепани со електрични кабли.

Ејтан Јахаломи (12), двоен израелско-француски државјанин, беше ослободен во понеделникот, 52 дена по неговото киднапирање. Неговата тетка, Дебора Коен, изјави за француската BFM TV дека бил принуден да гледа снимки од масакрот.

„Секогаш кога некое дете плачеше таму, им се закануваа со оружје за да молчат. Откако стигнале во Газа, сите цивили ги удирале и тепале. … Зборуваме за дете на 12 години“, рече неговата тетка.

„Можеби бев наивна, но сакав да се надевам дека тие Хамас се однесуваат добро со него“, рече таа. „Не бев во право. Тие се чудовишта“.

Том Хенд, таткото на Емили Хенд (9) која имала ирско-израелско државјанство, и која беше меѓу 13-те израелски заложници ослободени на 25 ноември, рече дека е таа шокантно бледа, лицето и е издлабено и главата полна со вошки.

„Најшокантен, вознемирувачки дел од средбата со неа беше дека таа само шепоти, не можеше да ја слушнеш. Морав да го ставам моето уво на нејзините усни“, изјави тој за Си-Ен-Ен во вторникот. „Била предупредувана да не прави врева“.

По враќањето дознала дека нејзината „втора мајка“ била убиена од Хамас. (Нејзината мајка починала од рак кога имала две години.)

„Синоќа не можеше да престане да плаче. Отиде под покривката на креветот, јорганот, се покри и тивко плачеше“.

Емили мисли дека ја немало една година.

Како и другите заложници, таа била слабо хранета. Имало денови кога едвај имале храна, во последните неколку дена јаделе само многу малку ориз“, рече Мерав Мор Мундер, братучед на Керен Мундер (55), кој беше ослободен на 24 ноември, за израелскиот Канал 12.)

Израел побара Хамас да му дозволи на Црвениот крст пристап до заробениците. „Хамас продолжува да му забранува пристап на Црвениот крст до преостанатите 145 заложници, кршејќи ја секоја норма на човештвото“, изјави портпаролот на Кабинетот на премиерот, Ејлон Леви во четвртокот.

„Зборуваме за луѓе кои беа брутално киднапирани во Појасот Газа, некои со ужасни повреди. Веќе видовме заложници како се враќаат, некои во критична состојба, други држени таму без лекови“, рече тој. „Мора да им се даде пристап до медицински третман“.

Хамас ги принуди заложниците да пишуваат блескави писма за условите под кои биле држени. Едно писмо што беше широко дистрибуирано од арапските медиуми беше напишано од Даниела Алони, која беше киднапирана со нејзината ќерка Емилија (5) и вратена на 26 ноември.

Во него таа му се заблагодари на Хамас за неговата „извонредна хуманост“ кон нејзината ќерка.

Израелските медиуми ја предупредија јавноста да ја игнорира таквата пропаганда.

Од 145 заложници кои сè уште ги држи Хамас, 28 се жени, а 117 мажи. Десет од заложниците се на возраст од 75 или повеќе години, меѓу кои сопрузи на жени веќе ослободени.

Сто и пет заложници беа ослободени во мали групи во текот на една недела во која Израел се согласи да ги прекине борбите заради нивно враќање.

Во петокот Хамас го прекрши примирјето и ги обнови непријателствата.