На аеродромот во Глазгов во Шкотска денеска се откажани сите летови поради обилните снежни врнежи, предупредувањата за снег и мраз ширум Велика Британија.
Се очекува големиот студ да продолжи во Велика Британија во текот на викендот, бидејќи температурите се спуштија под нулата во текот на ноќта, јави Скај њуз.
Како што се наведува, поради тешките временски услови можно е да има отежнат патен и железнички сообраќај, а откажани се и неколку спортски настани.