Млад скопјанец претепан поради долг, го оставиле повреден во парк

Денеска (03.12.2023) во 00:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на парк шумата Гази Баба било пронајдено лице кое барало помош.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека лицето е К.К.(22) од Скопје.

Во разговор со полициските службеници тој пријавил дека поради долг во парк шумата Гази Баба бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел познавал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.