Русија почна бесплатна испорака на жито за африканските народи, како дел од хуманитарна иницијатива.
Вкупниот руски ангажман изнесува 200.000 тони жито, што ќе биде испорачано до крајот на 2023 година.
Со оваа руска иницијатива се опфатени дел од најсиромашните африкански земји како Сомалија, Еритреја, Зимбабве, Мали, Буркина Фасо, Центро Африканската Република.
Реакција за ваквата руска иницијатива дојде од Сомалија, од каде изразуваат благодарност до Русија за хуманитарната помош.
-Ние сме благодарни за испораката на 25.000 тони жито, што во голема мера ќе им користи на илјадниците Сомалијци погодени од сегашните поплави во регионот. Оваа помош доаѓа во клучен момент и уште еднаш ја пофалуваме Русија за нејзината значајна поддршка и непоколеблива посветеност да и помогне на Сомалија да го надмине овој предизвикувачки период“, изјави сомалискиот министер за информации, култура и туризам, Дауд Аваис.