Палевски прво избегал во Белград, па во Бугарија, изјави Спасовски

Според информациите на МВР, првоосомничениот за грозоморното убиство на Вања, Љупчо Палевски – Палчо, на 30-ти ноември ја напуштил Македонија при што се упатил кон Белград, а потоа кон Софија, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Љупчо Палевски пребегал со автомобил во присуство на неговиот адвокат, а трагата после Софија се уште му се следи“, додаде Спасовски.