Десетици израелски тенкови влегоа на југот на Појасот Газа

Десетици израелски тенкови, оклопни транспортери и оклопни булдожери за уривање згради и живеалишта влегоа во јужниот дел на Појасот Газа во близина на селото Кан Јунис, изјавија за AFP во понеделникот очевидци.

Речиси милион Палестинци избегаа на југот на енклавата, откако Израел, како одговор на незапаметениот напад на Хамас врз воени бази, кибуци и градови во јужен Израел на 7-ми октомври, наводно му објави војна на исламистичкото палестински движење кое задно со САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација и започна копнен офанзива во северниот дел на Газа на 27-ми октомври.

По неколку дена затишје поради ослободувањето на заложниците киднапирани од Хамас во замена за палестинските затвореници, Израел ја продолжи офанзивата за да ги елиминира претставниците на Хамас и да ја уништи нивната инфраструктура. Досега изврши 10.000 воздушни напади врз Газа, додека Хамас исто така продолжи да истрела ракети кон Израел.

Од пред неколку дена израелските напади се концентрирани во областа Кан Јунис, на југот на енклавата на каде Израел ги насочуваше палестинските цивили. Според очевидци, израелски воени возила влегле на длабочина од два километра, во селото ал-Карара, североисточно од Кан Јунис.

„Тенковите влегоа преку воениот контролен пункт Кисуфим на запад и продолжија два километри до селото Ал-Карара. Тие сега се масовни западно од патот Салахадин“, изјавила за AFP 59-годишната Амине Абу.

Триесет и четиригодишниот Моаз Мохамед рекол дека израелските тенкови се наоѓаат на јужниот дел на патот Салахадин кој се протега од север кон југ од енклавата.

Принудени да побегнат на југот на Газа, раселените Палестинци кои се изложени на секојдневно бомбардирање стравуваат дека ќе бидат турнати до Египет поради влегувањето на израелските тенкови и пешадија.

Во телефонски разговор со американската потпретседателка Камала Харис, претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас го изразил своето противење на „расселувањето на Палестинците“, било во Газа или на целата окупирана територија, односно другата палестинска енклава Западниот брег.

Портпаролот на израелската војска Јонатан Конрикус тврдеше дека Израел „не се обидува никого да премести“. „Ние не се обидуваме трајно да преселиме никого некаде“, рече Конрикус.

Меѓутоа, министерот за разузнавање Гила Гамлиел кон средината на ноември ја повика меѓународната заедница да се заложи за „доброволно преселување“ на Палестинците „надвор од Појасот Газа“, наместо да испраќа пари за обнова на областа, изјава од која не се огради израелското државно водство.