Историски триумф на Алкалоид над Ла Риоха во Скопје

ФОТО: www.rkalkaloid.mk

Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид ја запиша и првата европска победа, откако славеше минимално со 28-27 против Ла Риоха.

Мечот од последното коло на Европската лига на ЕХФ понуди голема драма, а на крајот решаваа нијанси.

Алкалоид, во еден интересен натпревар, успеа да ја запише историската прва победа во европските купови. Натпреварот го обележа и лошата арбитража на судиите од Полска.

Алкалоид, како и во претходните натпревари во групата, играше со многу осцилации. Тимот на Кире Лазаров надополни минус од пет гола во првиот дел, а во вториот испушти предност од четири гола.

Сепак, Алкалоид одигра најдобро кога беше најподребно, во последните пет минути кога негативата од еден гол успеа да ја претвори во победа.

Најистакната која Алкалоид беа голманот Галевски со 16 одбрани и Митев со 10 гола. Ла Риоха ја предводеа Заја со осум и Понсиано со шест гола.