Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен фаворит на изборите, според анкетите, во секое населено место води

-Кажавме дека не може едната страна сѐ да бара, а другата ништо да не добие, така што нашиот став е јасен, треба да се седне да се преговара, меѓутоа имаме услови и не отстапуваме од тоа. Вака како што е еднострано, не прифаќаме, нема да го прифатиме и после изборите. Еднострано наметнување на нивни правила не прифаќа ВМРО-ДПМНЕ“, кажа потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Таа продолжи и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги заштити националните интереси.

„Дали мислите дека во вакви услови каде имаме вакво ниво на корупција, не функционира држава, цел систем е распаднат итн, некој ќе не сака во Европската Унија? Ние многу се фокусиравме само на уставните измени и дека тие се условот или не условот да добиеме датум за датум и само со тој датум се расправаме. Никој не се фокусира на она што е побитно, суштината е дека ние треба да си го средиме системот. Никој нема да сака ваква распадната држава да биде дел од Европската Унија“, посочи Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека исто така имаме образование апсолутно никакво, што се виде од резултатите на ПИСА.

Во однос на изборите, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен фаворити за победник, бидејќи во анкетите во секое населено место води ВМРО-ДПМНЕ 2:1, 3:1.