Дваесет дена пред почетокот на кампањата почнува забраната за јавни настани

Изборната кампања за парламентарните избори треба да почне на четврти април. Според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, тоа значи дека дваесет дена пред почетокот на кампањата почнува забраната за јавни настани како што е пуштање во употреба на патишта, училишта, водоводи, градинки кои се правени со пари од буџетот.

Од 15 март ќе нема ниту огласи за вработување, а министрите нема да смеат да ги  службените профили на социјалните мрежи за себе промоција.