Како што известуваат медиумите во Италија, антидопинг обвнителите побарале 4 годишна суспензија за Пол Погба откако тој не сакал да ја признае вината, барем досега, дека во неговото тело била пронајдена забранета супстанца при еден антидопинг тест кој беше направен по мечот меѓу Јувентус и Удинезе во август.
Тоа значи дека казната за Погба ќе биде максимална и тоа во траење од четири години во случај да нема договор и признавање на вината од страна на самиот фудбалер и сега откако се заврши постапката.
Од таборот на Погба, инаку актуелен фудбалер на Јувентус, велат дека тој ќе ризикува и ќе оди на суд.