САД ја предупредија Словачка за намерата да ја укине канцеларијата на специјалниот обвинител за корупција

Соединетите држави во четвртокот ѝ се придружиуја на Европската комисија во повикот до Словачка да не избрзува со планот да ја укине канцеларијата на специјалниот обвинител за борба против корупцијата, порачувајќи дека таа и другите реформи бараат „внимателна анализа“.

Новата словачка влада предводена од левоцентристичкиот национален суверенист Роберт Фицо го одобри во средата планот да биде укината канцеларијата на специјалниот обвинител по скратена процедура којашто може да биде завршена за неколку седмици.

Фицо ја обвинува споменатата институција за кршење на човековите права и политички злоупотреби, и смета дека мора да биде укината. Опозицијата, пак, жестоко ја критикуваше неговата намера и во четвртокот оргнизираше протест на кој се собраа неколку илјади луѓе кои извикуваа „Доста е од Фицо“, неполни два месеци откако неговите социјалдемократи (SMER-SSD) убедливо победија на парламентарните избори.

Европската комисија во средата је предупреди Словачка да не избрузва со оваа одлука. Американската амбасада во четвртокот го поддржа тоа предупредување.

„Ја поддржуваме препораката на Европската комисија да не се усвојуваат планираните амандмани, ниту да се користи забрзаната процедура без соодветни и темени консултации со учесниците на национално и на европско ниво“, соопшти амбасадата на САД.

Фицо во четвртокот изјави дека го зачудува тоа што американската амбасада се „меша во внатрешните работи на Словачка“, пренесе порталот Dennik N.

Партијата на Фицо SMER-SSD ја засноваше својата кампања на ветувањата дека ќе ја прекине воената помош за Украина со свртување на вниманието дека словачките граѓани живеат сѐ полошо, како и дека ќе води надворешна политика независна од нејзините партнери во ЕУ и САД. Фокусот на кампањата на Фицо беше и противењето на илегалната миграција, критикувајќи ја преодната влада дека не направила повеќе и дека не ги суспендирала шенгенските правила за „отворени граници“.

Планот го критикуваше и словачката претседателка Зузана Чапутова. Канцеларијата на специјалниот обвините е воспоставена во 2004 година, а насочена е на борбата против корупцијата и криминалот на високо ниво.