Евролига: Партизан со голем пресврт против Милано, Реал уште еднаш победи во Грција

Кошаркарите на белградски Партизан пред своите навивачи оствари вредна победа во 13 коло од Евролигата против Емпорио Армани Милано, доаѓајќи до победата од 13 коша разлика (82:69), надоместувајќи го заостанувањето од 15 поени.

„Црно-белите“ губеа на полувремето, во третиот период имаа минус од 15 поени, но следеше неверојатна серија од 31:4 за која клучна беше цврстата одбрана. Партизан оствари заслужена победа со двоцифрена разлика во прв ред поради агресивната игра во одбраната со која ги фрустрираше стрелците на гостите, како и со одличните напади и погодоци на Нанели и Пантер.

Најефикасен поединец кај Партизан беше Кевин Пантер со 19 поени, додека Бруно Кабокло имаше 16 со пет скока. Помогнаа Зек Ледеј со 15 поени и Џејмс Нанели со 10 поени. Кај Милан се истакна Шевон Шилдс со 19 поени, додека Маодо Ло имаше 12, но и двајцата одиграа очајно одиграа во второто полувреме.

Партизан врза три победи во Евролигата и тоа на домашен терен и сега има скор 7-6. Милано моментално има скор 4-9, а на овој меч имаше хендикеп поради неиграњето на Никола Миротиќ, кој беше исвриркан од домашните навивчаи поради нереализираниот трансфер летово.

Бекот на Партизан Алекса Аврамовиќ заработи тешка повреда на зглобот во текот на првото полувреме, веднаш го напушти теренот и прашање е кога повторно ќе заигра.

Кошаркарите на Реал Мадрид, по победата во Пиреја во минатото коло, сегаго совладаа Панатинаикос со 90:78 во Атина, а Марио Хезоња беше најдобар стрелец на актуелниот европски шампион против својот поранешен тим со 19 поени, на кои додаде и две асистенции и еден скок. Кај победниците Габриел Дек постигна 16 поени, а Џанан Муса 14. Панатинаикос го предводеше Кендрик Нан со 24 поени.

Реал Мадрид е во убедливо водство со учинок од 12-1, пред Барселона (9-3) и Болоња Виртус (8-4).

Шејн Ларкин го предводеше Анадолу Ефес со 32 поени до победата од 97:89 на гостувањето кај берлинска Алба, за која Јоханес Тиман постигна 31 поен.

Евролига – 13. коло
Панатинаикос – Реал Мадрид 78:90
Алба Берлин – Анадолу Ефес 89:97
Партизан – Армани Милано 82:69

Во петок ќе играат:
Жалгирис – Монако
Олимпијакос – Баерн
Барселона – Фенербахче
Басконија – Црвена ѕвезда
Виртус Болоња – Макаби Т.А
Асвел – Валенсија

ТАБЕЛА

1. Реал Мадрид                13 12 1 1147-972
2. Барселона                   12 9 3 1001-928
3. Виртус Болоња            12 8 4 993-974
4. Монако                        12 7 5 940-923
5. Басконија                    12 7 5 993-984
6. Макаби Тел Авив         12 7 5 1012-1030
7. Партизан                    13 7 6 1093-1076
8. Анадолу Ефес             13 7 6 1048-1115
8. Олимпијакос               12 6 6 910-903
10. Фенербахче              12 6 6 947-956
11. Баерн                       12 6 6 918-940
12. Валенсија                 12 6 6 898-927
13. Панатинаикос           13 6 7 1036-1005
14. Жалгирис                 12 5 7 935-949
15. Црвена звезда          12 4 8 983-966
16. Армани Милано         13 4 9 1012-998
17. Асвел                       12 2 10 961-1052
18. Алба Берлин             13 2 11 997-1126